Панчо „ДНК“ со емотивна порака за својата мајка: Јас сум среќен и го исполнив ветеното, ама ја немам неа

Македонскиот хип-хоп изведувач Владимир Блажев или во јавноста познат како Панчо од групата „ДНК“ пред 6 години ја загуби својата мајка, која починаод канцер.

Тој секогаш јавно кажуваше дека е многу поврзан со својата мајка и дека таа му е најголемата поддршка во се што прави, а сега 6 години по нејзината смрт тој ѝ посвети уште една емотивна порака.

– Кога имав околу дванаестина години, и реков на мајка ми дека кога ќе пораснам ќе купам убава кола за мене и за неа за да не се срамиме дека имаме фиќо. И кажав дека ќе купиме и поголем стан и дека ќе заработам доволно за она да не мора повеќе да се мачи и работи туку да ужива во годините на старост. Ме погледна, ми кажа дека одсекогаш верувала во мене и дека не и значи ништо од тоа што сум и набројал туку само да сум среќен и исполнет во животот и тоа што го правам. Фала му на бога јас сум среќен и го исполнив ветеното ама ја немам неа, а тоа е најголемиот пораз и загуба кои ниедни пари не можат да го вратат назад. Сакај ги своите родители, животот е краток и непредвидлив, напиша тој на профилот на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа