На гробиштата во Бутел ќе се одржи погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој по седум месеци лекување во болницата „Систина“ почина, по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
Телото на Панчо ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне литургија, од 10 до 12 часот граѓаните ќе можат да изразат сочувство а опелото ќе започне во 12 часот.
Дискотеката на смртта Пулс по седум месеци од страшната ноќ ја зеде 63 тата жртва, а ДНК го загуби деветтиот член на групата.