Пакистанци ограбени, па нападнати со нож во кумановско

Двајца Пакистанци биле ограбени, па нападнати во кумановско, информира МВР.

-Изминатата ноќ во 03:00 часот во СВР Куманово, М.Ј.(21) и А.А.(23), двајцата од Пакистан, пријавиле дека на 09.04.2020 околу 22.00 часот на пат од село Лојане кон село Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан, а потоа биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А.  со тврд предмет. М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега