Пакистан: 49 деца се удавија кога преполн брод се превртел во езеро

Пакистанската полиција денеска соопшти дека 49 деца загинале кога преполн чамец се превртел во езеро во северозападен Пакистан.

Во прелиминарните извештаи веднаш по несреќата во неделата се наведувало дека загинале најмалку десет деца. На нуркачите им биле потребни три дена за да ги извлечат телата од студената вода, објави „Гардијан“.

Момчињата, на возраст меѓу седум и 14 години, биле ученици во верско училиште и биле на патување до езерото Танда.

„Водата беше многу студена, а лошото време само ја отежнуваше спасувачката мисија. Меѓутоа, денеска нуркачите успеаја да нурнат длабоко и да ги извлечат преостанатите тела – изјави висок претставник на спасувачката служба Хатир Ахмад.

Покрај телата на децата, извлечени се и телата на наставничката и возачот на чамецот, па вкупниот број на жртви е 51.

31.01.2023 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа