Пајат: Историска грешка на ЕУ да не даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија

Ние сметаме дека беше историска грешка на Европската унија да не оди напред со Северна Македонија и Албанија, рече амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на панел дискусијата на Самитот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за европската перспектива на Западен Балкан, Пајат рече дека ништо не може да биде подобро за Солун, за Северна Грција и за грчката безбедност од тоа сите соседи да се стабилизираат преку комбинацијата на ЕУ и НАТО членство.

-Зборувајќи за САД, мислиме дека е многу важно да се врати овој процес што е можно побрзо и со нетрпение очекуваме да соработуваме со грчката Влада за да се стори тоа, рече Пајат.

Американскиот амбасадор истакна дека е важна разврска тоа што премиерот Заев беше во Солун, а шефот на грчката дипломатија Дендиас во Белград, коментирајќи дека САД го поздравуваат „враќањето на Грција како главен фактор на стабилност во Западен Балкан“.

-Очекуваме дека ќе продолжиме многу тесно да работиме заедно со цел да им помогнеме на овие земји да ги направат тешките реформи што се неопходни за да бидат дел од европското семејство и да не губат верба, истакна Пајат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа