Паднаа потписи: Утре ќе има парно во општините Чаир и Бутел

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутер од утре наутро повторно ќе имаат парно греење.

„АД Скопје Север го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка АД ЕСМ, за што АД ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Влада, а по барањето искажано од АД Скопје Север за финансиска поддршка за набавка на гас.

АД ЕСМ со средства добиени наменски од буџетот на Р. Северна Македонија во текот на попладневните часови изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, по што природниот гас ќе  биде најбрзо испорачан до АД Скопје Север за во што пократок рок да почне повторната испорака на топлинска енергија.

Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај, и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата“, информираат преку писмено соопштение АД ЕСМ.

АД ЕСМ повеќе пати нагласи дека Договорот за деловно-техничка соработка е едниствениот начин да се спречи прекинување на испораката на топлина кај корисниците во двете општини во Скопје, се додава во соопштението.

30.11.2022 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега