Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор за урбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помлад соработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство на раководител на сектор за планирање и уредување на просторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзорен инженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на РСМ, „Несовесно работење во службата“ од член 353–в од Кривичниот законик на РСМ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од член 280 од Кривичниот законик на РСМ.
Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај не постои донесен детален урбанистички план, со пречекорување на своите службени овластувања изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина.
На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од108.638.840 денари.
- Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран
- Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран
- Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија
- Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник
- Татко ја натепал сопствената ќерка: И извадил и нож, при што сам се повредил поради невнимателност
- Две девојчиња се степале во училиште во Чаир
- Руте ја посети и Армијата
- Нетанјаху дециден: Продолжуваме со жестоки напади врз Хезболах до целосно отстранување на заканата


