Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор за урбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помлад соработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство на раководител на сектор за планирање и уредување на просторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзорен инженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на РСМ, „Несовесно работење во службата“ од член 353–в од Кривичниот законик на РСМ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од член 280 од Кривичниот законик на РСМ.
Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај не постои донесен детален урбанистички план, со пречекорување на своите службени овластувања изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина.
На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од108.638.840 денари.
Актуелно
- Лукоил најде нов купувач – американски гигант размислува за купување
- Трагичен крај на потрагата: После седум дена докторот пронајден мртов
- Фрлил бомба врз семејна куќа во Нови Пазар – осомничениот притворен
- Нови в.д. директори во четири скопски претпријатија: Ѓорѓиевски ги објави имињата
- Воен авион се урна во Русија
- Германија воведува хибриден модел на воена служба
- Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на свеченост по повод 25 години Фонд за здравство
- Пилот без дозвола превезувал патници низ целиот свет

