Паничен обид за уништување на докази се одвивал во куќа во гевгелиското село Богородица. Кога полицијата тропнала на вратата, осомничениот дилер ја заклучил влезната врата и ја фрлил марихуаната во ВЦ школката, пуштајќи вода за да ја снема.

Станува збор за „семеен бизнис“ во кој се вклучени татко и син. Истрагата покажала дека таткото ја произведувал дрогата, а синот посредувал во продажбата, криејќи дел од робата во куќата на својот дедо.

При претресот кај таткото, откриена е вистинска мала лабораторија – шатор со електрична инсталација, ламби и вентилатори за одгледување, како и 150 грама марихуана.

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага против двајцата за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“. Побаран е куќен притвор и одземање на пасошите.

„Осомничениот син, пак, посредувал во купопродажбата на марихуаната. Дрогата која ја зел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на дедо му каде престојувал. Кога полициските службеници отишле и таму да вршат претрес, тој ја заклучил влезната врата, наркотичната дрога ја фрлил во ВЦ шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од дрога“, велат од Обвинителството.

Exit mobile version