На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско.
При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје.
Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица, при што од М.З. е одземена ловечка пушка „Хуглу“ со патрони. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во викенд куќа што ја користел К.Т. во атар на с.Копришница, каде биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и останати предмети.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Нов енергетски шок: Нафтата драстично поскапе
- ФОТО: Илчо од Кочани доби биста – Херојот што ќе остане запаметен
- Дневен хороскоп: Месечината во Овен носи огнена енергија и нови почетоци
- ВРЕДИ: Обединувањето како одговор на потребата за единство и сила
- Под нулата на Попова Шапка – Во Скопје облаци и дожд
- Таткото на Фросина: „Што требаше друго да и стори на ќерка ми за да добие максимална казна”
- ФОТО: „Иста си како кога бев заљубен во тебе” – Куновска откри како се простил Кили од неа
- Удри 11-годишно дете во Скопје и избега – Полицијата го фати возачот


