Падна одлука: Се враќа старата цена за сместување и исхрана на студенти во домовите
Државниот Студентски Дом „Скопје“ – Скопје на седницата на Управен Одбор одржана на ден 18.09.2023г. а по претходна координација со Министерството за Образование и Наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години.
„Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.
По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е истите да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови“, стои во соопштението на Државниот Студентски Дом Скопје.
18.09.2023 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа