Падна моќниот бразилски нарко бос во неговата луксузна вила: Го фрлија на земја да не може да мрдне (ВИДЕО)

Андре Де Оливиера Маседо, бразилскиот нарко бос кој се смета за одговорен за криумчарење на кокаин во Европа, уапсен е во луксузна вила во близина на Рио Де Жанеиро.

Маседо, познат и по прекарот Андре До Рап е осомничен дека бил прв човек на озлогласената калабриска мафија „Н'Дрангета“ во Бразил. Тој бил лоциран и уапсен во неделата наутро во неговата луксузна вила во летувалиште на околу 150 километри од Рио.

Покрај тоа што самата вила е раскошна и луксузна, на видео снимките може да се види дека Маседо таму имал и хеликоптер и луксузни јахти.

Маседо исто така бил еден од лидерите на првата група „за специјални намени во престолнината“, моќна криминална група која што била основана во затворите во Сао Паоло.

Оваа група била цврсто поврзана со италијанската мафија „Н'Дрангета“ и била задолжена претежно за „надгледување“ на доставата на кокаинот во Европа преку пристаништето во Сантош, односно најголемото пристаниште во Латинска Америка. Пред два месеци токму во Сантош биле уапсени двајца припадници на „Н'Дрангета“.

Бразилските медиуми потсетуваат дека заплената на кокаин во Бразил двојно се зголемила во првите шест месеци од 2019-та година во однос на истиот период минатата година и изнесува околу 25 тони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега