Црногорските транспортери донесоа одлука да ги прекинат блокадите на граничните премини со Шенген зоната по денешниот состанок со претставниците на Владата. Веста ја објави Радио-телевизија на Црна Гора (РТЦГ), по серијата преговори меѓу превозниците и надлежните институции.
Здружението на транспортери изрази оптимизам дека конечниот договор е на повидок, по тензиите кои настанаа поради проблемите со нивните работни активности во европските земји.
„Транспортерите објавија дека се делумно задоволни по вчерашниот состанок и дека се на вистинскиот пат за постигнување договор со владата“, пренесуваат црногорските медиуми.

