Падна договор меѓу СОНК и МОН: Повисоки плати за наставниците од јануари

Падна договор меѓу СОНК и министерството за образование. Зголемување на платите за 10% ќе има од 1 јануари 2020, а не од април, како што нудеше Владата. 

СОНК вчера одлучи да го стави во мирување претходно најавениот штрајк додека да ја слушнат одлуката на МОН.

Од август 2018 до сега, платите во образованието беа зголемени за 10, 8% и со новите 10%, СОНК ќе се приближи до над 21% од бараните 25.

Адеми вчера изјави дека уште во текот на денот ќе има јасна слика за можностите и, како што рече, „до каде можеме и што можеме во врска со покачувањето на платите на просветните работници“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега