Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса потекнува од шума во сопственост на Република Северна Македонија.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон


