Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса потекнува од шума во сопственост на Република Северна Македонија.
Актуелно
- Физички напад во казино на Бит Пазар: Полицијата го расчистува случајот
- Замавнувал со нож пред маркет: Млад виничанец заработи кривична пријава
- Мицкоски утре ќе доделува решенија за самовработување во рамки на Оперативниот план
- Николовски до Трипуновски: На празните листови напиши ја твојата оставка
- Трагедија на замрзнат автопат во Германија: Најмалку три лица загинаа во судир на камиони и автомобили
- Продолжен притворот за шестмина во случајот „Прилепска болница“: Институцијата оштетена за 700.000 евра
- СДСМ: Мицкоски преку Гаши се обидува да ја минира Анкетната комисија за Кочани
- Кореја донираше осум електрични возила за Министерството за здравство

