На меѓународните пазари е забележан пад на цените на нафтата за речиси еден процент, веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“. Оваа најава внесе нова динамика кај трговците со енергенси.

Според пазарните податоци, цената на двата клучни референтни типа нафта веднаш реагираше во надолна линија.

„Фјучерсите за суровата нафта Брент паднаа за 88 центи, или 0,8 проценти, на 110,4 долари за барел, додека фјучерсите за суровата нафта од Западен Тексас (WTI) паднаа за 0,6 проценти, или 67 центи, на 103,48 долари, објави Ал Џезира.“

Економските експерти веќе ги анализираат овие поместувања и укажуваат дека и покрај моменталното смирување на пазарот, враќањето во нормала ќе оди со побавно темпо.

„Референтните цени се намалени поради потенцијалот за договор додека пазарот ги проценува геополитичките исходи. Сепак, цените веројатно ќе покажат одреден потенцијал за раст дури и ако се склучи договор, со оглед на тоа што е малку веројатно понудата веднаш да се врати на нивоата пред војната“, изјави за Ројтерс Емрил Џамил, виш аналитичар за истражување на нафта на Лондонската берза (LSEG).

Exit mobile version