Пациентите кои примаат комбинирана терапија на антибиотик и антималарик имаат стабилна слика

Пациентите на кои им се дава комбинирана терапија на антибиотик и антималарик покажуваат континуирано стабилна клиничка слика, инфомираше на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Во моментот на Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се 67 пациенти, шест од нив се на механичка вентилација, а 12 се со потешка клиничка слика.

Филипче рече дека влошена е состојбата на родилката од Куманово.

-Таа е респираторно независна, но со потешка слика на белите дробови, рече Филипче.

Во болницата „8 Септември“ сместени се 19 пациенти позитивни на Ковид-19,  од кои тројца се на респиратори, а деветмина се со потешка клиничка слика.

Во Битолската болница се префрлени сите пациенти кои претходно беа сместени во Охрид. Болницата во Битола отсега ќе биде регионална болница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега