Пациент починал во чекалната на Ковид- амбулантата во Врање- неколку пати рекол дека не му е добро и паднал на подот

Пациент кој чекал на преглед починал утрово во чекалната на Ковид- амбулантата во диспанзерот за антитуберкулоза во Врање.

Како што е потврдено за Новости од повеќе извори, човекот неколку пати рекол дека не се чувствува добро и се срушил на подот. Дежурниот лекар го пријавил случајот во полиција, која излегла на лице место, а од пациентите било побарано да ја напуштат зградата.

Во последните дваесетина дена направен е голем притисок врз Ковид амбулантата во Врање.

Само вчера биле извршени 276 прегледи, од кои 144 биле први прегледи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа