Пациент починал неколку часа откако не бил примен на инфективното одделение во Велес - се чекаат резултати за коронавирус

Велешанец кој бил однесен со Брза помош на Клиниката за инфективни болести-Велес, не бил примен од дежурниот персонал, за по неколку часа состојбата нагло да му се влоши, по што починал, дознава „А1он. Станува збор за повозрасно лице кое имало над 70 години, чие семејство се сомневало дека можеби е заболен од коронавирус. Нему му била направена анкета, земен бил и брис за тестирање, а резултатите се чекаат.

Состојбата на велешанецот нагло се влошила, по што семејството повикало Брза помош и тој бил транспортиран до Инфективното одделение-Велес. Според нашите извори, тој не бил примен од дежурниот персонал, по што бил вратен дома. По неколку часа, тој починал. Ова се случило неколку часа откако му бил земен брис за да се направи тест за коронавирус.

Според епидемиолошката анкета која му била направена од Центарот за јавно здравје-Велес, сега починатиот кажал дека немал контакт со лице заболено со коронавирус, а пак, во семејството немало лице кое патувало надвор од државата. Иако според анкетата немало сомневања дека е заболен со коронавирус, по инсистирање на семејството му бил земен брис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега