Озчивит се „сплеткал“ со локални криминалци: Се закануваат дека ќе го киднапираат неговиот син

Турскиот актер Бурак Озчивит, најпознат по улогата на Бали-бег во серијата за Сулејман Величествениот, стравува за неговиот едногодишен син Каран, јавуваат турските медиуми.

Актерот се соочува со проблеми со локалните криминалци откако купил луксузен имот вреден 2,5 милиони евра во близина на Истанбул.

Проблеми се појавиле кога лице во криминално досие го барал истиот имот и актерот му дал на сопственикот аванс само за да го добие. Лицето, наводно, било бесно и почнало да му се заканува на актерот.

Тој, наводно, не обрнувал внимание сè додека не започнале да му стигнуваат закани дека ќе биде киднапиран неговиот едногодишен син. Актерот контактирал со полицијата и ангажирал приватни телохранители, јавуваат медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега