Овој викенд спремете се за многу снег - УХМР со детали

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во текот на неделата следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во петок и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

14.12.2021 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега