Овие зелени згради се планирани како прекрасни оази- сепак никој не сака да живее во нив поради „непоканетите гости“ (ВИДЕО)

 

Станбените згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на станови избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци, пренесуваат кинеските медиуми.

Блокот е изграден во 2018 година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан.

Според веб-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана ставени на продажба истата година многу брзо нашле купувачи.

Сепак, според медиумите, само десетина семејства се преселиле во зградите.

Станарите сметаат дека становите не се вселиви, па затоа и вегетацијата на терасите и фасадите се чинат запуштени, поради големиот број комарци кои исто така сакаат зеленило.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега