Овие симптоми најавуваат мозочен удар: Ако ги почувствувате, веднаш на лекар

Мозочниот удар предизвикува пореметување во мозочната циркулација поради што одредени делови на мозокот се недоволно снабдени со кислород и хранливи материи, а тоа води до оштетување и изумирање на нервните клетки. Секои две секунди некој во светот доживува мозочен удар, а секој шести умира од тоа.

Причините се згрутчувањето кое ја затвора артеријата и така го оневозможува протокот на крвта или пак пукање на крвната жила кога крвта ќе почне да продира во околното ткиво. Најчеста причина за оштетување на крвните жили во мозокот кои доведуваат до мозочен удар е артериосклерозата –болест која доведува до создавање на наслаги на маснотии, сврзно ткиво, згрутчувања, калциум и други работи во  крвните жили .Првите симптоми на мозочен удар се :трнење, слабост или одземеност на лицето, рацете или нозете особено ако е зафатена едната страна на телото, пореметување на говорот, отежнато и наразбирливо изговарање на зборовите, потполна невозможност на изговарање на зборовите, или отежнато, односно потполно неразбирање на говорот на друга особа, нагло замаглување  или губиток на видот, особено на едното око или во половината на видното поле настанува силна главоболка пратена со повраќање без јасна причина , губиток на рамнотежата , вртоглавица, несигурност и занесување во одот, ненадејни паѓања поврзани со други симптоми.Што прво да направиме ако се најдеме до некој кој има мозочен удар, објаснува др сц. Хрвоје Будинчевиќ од Клиничката болница „Свети Дух„во Загреб. Нагласува дека прво и основно е за да се препознае мозочниот удар е да се види дали пациентот има обесено лице ? Дали му се немоќни рацете? Има ли пациентот пречки во говорот? .Времето е посебно важно, да се повика итно Брзата помош и да се започне со лечењето

-По препознавањето на знаците на мозочниот удар и повикување на брзата помош потребно е особата да се смири-доколку е потребно, во случај на пореметување на состојбата на свеста, да се постави особата во странична положба и да се следат виталните знаци(дишење, работата на срцето…)-напоменува  др,сц. Хрвоје Будинчевиќ.

 

 

 

15.08.2018 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега