Оваа земја им дава 5.000 евра на луѓето да се отселат - „Ние сакаме да ги охрабриме да се вратат дома“

Владата на Финска донесе одлука двојно повеќе да ја зголеми еднократната помош за да ги стимулира илегалните емигранти и барателите на азил да ја напуштат земјата и да се вратат таму од каде што дошле.

Наместо 2.500, секој од доселениците ќе добие по 5.000 евра за да си замине,  пренесува порталот "021". Финските власти се одлучиле на овој чекор, бидејќи се помалку доселеници се одлучуваат да ја напушти оваа земја.

„Ние сакаме да ги охрабриме да се вратат дома. Во нашата земја, сега имаме илјадници луѓе кои биле одбиени за азил. Тие немаат дозвола за престој и поддршката што им ја обезбедуваме станува се поскапа", рече Тарја Рантала  од Канцеларијата за миграција (Migri).

И покрај обидот на Финска за поттикнување на мигрантите да ја напуштат земјата, бројот на лицата кои доброволно ja напуштаат скандинавската земја е намален од 1.422 во 2017 година на 646 минатата година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега