Оваа сезона можно е да пристигне порано- кога да го очекуваме првиот снег

Оваа сезона првиот снег можно е да пристигне порано на пониските места судејќи барем според моменталните анализи и развој на временската состојба, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Ноември месец, за разлика од минатите години, прогностичките модели за оваа година укажуваат на тоа дека ќе биде малку постуден од вообичаеното со просечно количество на врнежи иако истите има некои услови да останат и малку под просекот за тој месец.

Сепак не се исклучува можноста и за поизразени циклонски системи и повремено поинтензивни врнежи.

Инаку за во наредните денови како што веќе најавивме продолжува сушниот период кај нас со многу високи температури на воздухот за овој дел од годината.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега