Оваа прекрасна дестинација за скоро ќе биде повторно отворена за туристи

Фиџи се спрема да ти отвори вратите за туристите до крајот на 2021 година. Островската земја првично имаше намера да ги отвори своите граници за туристите во декември, но тој датум се помести со продолжување на програмата за вакцинација во земјата.

Брент Хил, извршен директор на Туризмот Фиџи,за „Си-Ен-Ен“ изјави дека датумот за реотворање не е дефиниран, но голема е веројатноста тоа да биде ноември.

Хил рече дека патниците на кои им е дозволено да влезат во земјата ќе треба да бидат целосно вакцинирани, да покажат докази за негативен PCR тест „Ковид-19“ и да бидат од листата на земјите со „зелено светно“, иако критериумите за земја да биде со „зелено светло“ уште не се утврдени.

Меѓутоа, во говорот одржан на 3 септември, министерот за трговија, трговија, туризам и транспорт Фајаз Која објави: „Колективно работиме кон повторно отворање во ноември“.

15.09.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега