Ова се симптомите на смртоносниот грип од кој починаа 15 лица во Србија

Од последици на грип во Србија од почетокот на сезоната починаа 15 лица, а регистрирани се 84.969 заболени со симптоми слични на грип, што е за 10 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Во изминатава недела евидентирани се 15.732 заболени, а најмногу млади.

За разлика од настинката, каде симптмите се јавуваат постепено еден под друг, грипот започнува изненадно. Висока температури, сува кашлица, блоки во мускулите и главоболка, обично се симптоми кои траат една недела.

Симптомите може да почнат со кашлица и болка во грлото, за потоа брзо да напредуваат до треска, замор и болка во мускулите. Нивниот интензитет е таков, што ако имате грип, нема да можете да станете од кревет, барем два-три дена.

Ова се симптомите:

-висока температура над 38 степени

-силна болка во грлото, како да имате кнедла

-малаксаност

-мачнини

-стомачни тегоби

-главоболка

-болка во јаболчниците

-испрекинато дишење

Пациентите не смеат да пијат антибиотици на своја рака, а што е најважно, овој грип мора да се одлежи најмалку 5 дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега