Ова се браќата Ќулум осомничени за убиството на бизнисменот од Бања Лука - во Европа прогласени за 3. најголема опасност

Полицијата во вчера ги уапсила браќата Армин и Нермин Ќулум од Сански Мост, бидејќи се поврзани со убиството на Славиша Круниќ, бизнисменот од Бања Лука.

Инаку, Армин Ќулум наречен Боки познат им е на полициските агенции ширум Европа, како и неговиот брат Нермин.

Тие се на чело на моторџиската организација „Јунајтед трибјунс“, која германската тајна служба ја прогласила за државна опасност, а во Европа се прогласени за трета најголема опасност.

 
 
 
View this post on Instagram

SNAGA UTF

A post shared by Ognjen Vranjes (@ognjen_vranjes) on Jun 7, 2016 at 8:19am PDT

Оваа група според европските медиуми, се занимава со разни криминални работи. Оваа група делува и во Австрија и Швајцарија, а нивните директни конкуренти се „Бандидос“ и „Хелс ејнџелс“.

Инаку, познатиот фудбалер Огњен Врањеш, поранешен репрезентативец на БиХ, неодамна објави фотографија на Инстаграм со Нермин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nermin Culum (@culumnermin) on Jan 21, 2019 at 3:00am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега