Ова необично стампедо ја чува планетата: Наместо пестициди јато од 10.000 патки ги јадат штетниците (ВИДЕО)

 

По бербата на ориз во овој дел на централен Тајланд, стадо од околу 10.000 патки се ослободува на фармите и инстинктивно брза кон полињата да јаде штетници како полжави кои се кријат во нив.

Овој начин на одгледување патки во областите каде се засадува ориз е традиција веќе подолго време. Тајланѓаните го нарекуваат „рација на полската патка“.

Патките се носат на нивите по 20 дена поминати во фармата и ќе бидат одгледувани во движење во следните неколку месеци.

Откако околу пет месеци слободно талкаат по полињата, тие се враќаат на фармата каде што ќе положат јајца во следните неколку години.

„Придобивката од овој вид одгледување е што ги намалуваме трошоците за хранење на патките“, вели Апиват Чалермклин (34), одгледувач кој го наследил бизнисот од неговиот татко.

„Во исто време, одгледувачите на ориз немаат трошоци за хемикалии и пестициди, затоа што природата прави се сама“, додаде тој.

Тоа не е крај на придобивките од патките. Натопените полиња со ориз остануваат добро згазени по ова стампедо, така што тие полесно се моделираат, но и добро се наѓубрени за време на „гозбата на патките“.

Многу штетници како инсекти и полжави патките во сласт ги јадат за една недела на површина од околу 676 хектари.

Овој едноставен и природен начин, кој ги комбинира интересите на одгледувачите на живина со одгледувачите на ориз, што е традиција во оваа област, сега служи како одличен пример за земјоделците кои сакаат да се свртат кон поприроден и поздрав начин на производство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа