Ова нема да и се допадне на Меган- Кралицата издаде забрана, а ја поддржал и принцот Вилијам

Војвотката од Сасекс во иднина не смее да носи ниту едно парче накит од кралската колекција, па дури и од накитот на покојната мајка на својот сопруг.

Британската кралица Елизабета Втора, наводно, ѝ забранува на Меган Маркл да носи некое од историските парчиња како што се дијамантски ѓердани, брошеви и дијадеми.

Забраната ја поддржал и принцот Вилијам, пренесува „Сан“.

Меѓу непроценливите предмети е тијара на кралицата Мери, која може да се носи и како ѓердан, а е направена за кралицата Мери во 1919 година.

Колекцијата вклучува и накит што ги носеше покојната свекрва на Меган, принцезата Дијана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега