Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави дека добил поддршка од дел од македонските фудбалски репрезентативци.
На својот профил на Facebook, Ѓорѓиевски сподели фотографии од средба со Александар Трајковски, Милан Ристовски, Никола Серафимов и Дамјан Шишковски, при што им се заблагодари за нивната поддршка во пресрет на локалните избори за град Скопје.

„Поддршката од најдобрите многу ми значи. Нивната верба е мотив плус да продолжиме уште посилно, со тимски дух и јасна цел – победа за подобро, модерно и достоинствено Скопје,“ напиша Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека му претставувала огромна чест да се дружи со фудбалерите, кои, како што рече, „со срце и посветеност ги бранат боите на Македонија“.