Ова го дозволи Русија: Азербејџански војници ѕверски уништуваат православни гробишта

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како азербејџанските војници уништуваат ерменски гробишта во областите во кои презедоа контрола.

Во позадина се слуша смеењето на лицето што снима, а контроверзното видео беше објавено на социјалната мрежа „ТикТок“.

„Ова е причината зошто Ерменците понесоа со себе и надгродни плочи и телата на своите најблиски при напуштањето на Карабах“, изјави локален жител за тамошните медиуми.

Ерменците се гневни на владата на Никол Пашињан, но и на Русија која посредуваше во потпишувањето на мировниот договор кој ја турна Ерменија на колена. Ерменците сметаат дека нивниот традиционален „православен сојузник“ ги предаде и попушти под притисоците на Азербејџан и Турција.

Да потсетиме, лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Илијев и Никол Пашињан на 10-ти ноември потпишаа заедничка изјава за прекин на борбените дејствија во Нагорно-Карабах.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега