Ова е рекордната плата во Црна Гора - банкар ја заработил за еден месец

Најголемата плата во оваа година во Црна Гора била 54.440 евра и ја имал граѓанин вработен во секторот на банкарство и монетарно посредување.

Оваа заработка чини 106 просечни плати кои се движат од 510 до 514 евра, зависно од месецот. Од Управата за данок не го соопштуваат името ниту компанијата кои се рекордери по исплатена заработка, бидејќи во тоа ги спречува законот.

Второт место со плата од 41.292 евра нето исплата го држи истиот сектор и исто така граѓанин на Црна Гора, на трето место е заработката од 34.337 евра, а исплатена е на резидентно лице вработено во воздушниот сообраќај. Од Управата велат дека овие енормни плати се исплатени за само еден месец.

За разлика од овие енормни заработки, најниската заработка во Црна Гора е 193 евра и „истекува рокот“ за нешто повеќе од месец, бидејќи Владата, синдикатите и работодавците се договориле од јули да биде 22 евра. Просечната нето заработка во Црна Гора се движи од 510 до 514 евра, зависно од месецот.

Во парламентот пред неколку дена, пратеникот на СДП Рашко Коњевиќ сооппштил дека заработка под 250 евра примаат 77 илјади вработени.

Минатата година најголемата исплатена заработка била 60.040 евра.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега