Ова е навистина лудо: Големо невреме предизвика „дожд од морски плодови“

 

Нова бура во Кина добила назив „дожд од морски плодови“. Иако изгледа како некој да се шегува, сепак тоа е вистина.

„Дождот од морски плодови“ стана тренд во моментот кога се појави фотографија од Куингдао во источна Кина. Имено, во таа провинција на 13 јуни попладнето забележани се екстремни временски прилики кога морските суштества паѓале на автомобилите по бурата.

Забележан е ураган и брзина на ветерот од 34,8 м/с, кој бил толку силен што е постигнат рекорд за тој месец. Тие силни ветришта предизвикале големи проблеми бидејќи носеле октоподи, морски ѕвезди, школки кои потоа удирале по стаклата на автомобилите.

Не е сосема јасно зошто тоа се случило, но забележано е излевање на морето, што би можело да ги објасни суштествата на градските улици.

 

 

 

18.06.2018 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа