Ова е најсмртоносното оружје кое човекот го направил - за половина час 280 градови ќе ги претвори во радиоактивен пепел

Атомските подморници вооружени со моќни нуклеарни ракети се најсмртоносното оружје кое човекот некогаш го измислил, пишува весникот „Нешенел интерест“.

Весникот наведува 5 американски и руски подморници, кои можат да го уништат светот, а првата  е американската подморница „Охајо“ која среде студената војна можела да „за помалку од половина час 288 цели со големина на град да ги претвори во радиоактивен пепел“.

Зад неа се наоѓа подморницата „Коламбија“, чија изградба требало да почне во 2020 година во САД.

Што се однесува до руските подморници, се споменуваат „најтивката подморница“ со балистички ракети од проектот 955А „Бореј-А“, која е вооружена со ракети Р-30 „Булава“, подморницата од проектот 667БДРМ „Делфин“, вооружена со балистички ракети „Синева“ и подморницата од проектот 885М „Јасен“ со крастаречки ракети 3М-14 „Клибар“.

Според претходните пишувања на весниците, руските нуклеарни подморници „Бореј“ можат да ја „опустошат“ Америка, дури и ако другите нуклеарни сили на Русија бидат уништени во првиот напад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега