Ова е најопасниот сладолед на светот: Мора да потпишете писмена согласност пред да го пробате

Ова е најопасниот сладолед на светот и може да се проба само со писмена согласност. Се служи во едно шкотско кафуле и за да го пробате мора да сте полнолетни, но и да потпишете дека се согласувате на ризик од телесни повреди, болести, но и можна смрт.

Сопственикот на рецептот на сладоледот наречен “Ѓаволски здив” тврди дека сладоледот е дури 500 пати попикантен од најлутиот табаско сос. Пиперката која се користи во неговото приготвување има неверојатни 1 569 300 единици врелина по Сковиловата скала за јачина на пиперките.

Приготвувањето и се што е врзано за овој сладолед е толку врело што персоналот мора да носи ракавици. Инаку, зачинет е со активна компонента која се вика капсацаин, која кога се консумира телото реагира со солзи во очите, течење на носот…

 

 

 

14.06.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега