Ова е момчето кое возеше до автобусот на Вардар: Требаше и ќерка ми да биде со мене, но веќе беше доцна

„Спортмедиа“ го пронајде момчето кое неуморно со својот велосипед возеше покрај автобусот на Вардар од скопскиот аеродром до градскиот плоштад.

Се работи за скопјанецот Трајче Јовановски, верен фан на „црвено-црните“.

-На скопскиот аеродром дојдов со мојата ќеркичка. Мојата желба беше заедно со неа да го пратам автобусот на овие момци херои. Но, откако и официјално потврдија дека летот им е одложен и во Скопје ќе слетаат подоцна го променивме првичниот план, ќеркичката ја пратив со автомобил, а јас тргнав со велосипед. За ваков успех и за оваа радост вреди и да трчаме по автобусот, раскажа за „Спортмедиа“ Трајче и додаде дека освен ракометот го сака и фудбалот и други спортови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега