Ова е Ѓорѓе кој ѕверски ја претепа Ивана од Нови Сад - соседите го опишуваат како агресивен и суетен

Дваесет и четири годишниот Ѓорѓе Лацковиќ брутално ја претепал својата девојка, 22-годишната Ивана со која живеел во стан во Нови Сад.

Полицијата го привела и одреден му е притвор од 48 часа, после што со кривична пријава за насилство во семејството бил спроведен на сослушување во обвинителството.

Во полицијата потврдиле дека за осомничениот истовремено под итна постапка е издадена забрана за приоѓање на оштетената и наредба да го напушти станот во кој живееле заедно.

Братот на претепаната Ивана, Иван Филиповиќ кажал дека неговата сестра не го кажала мотивот за стравичното претепување, но дека тој е убеден дека станува збор за љубомората која ја чувствувал Ѓорѓе.

-Тој е психопат - рекол огорчениот Иван.

PSIHOPATA, AGRESIVAN, SUJETAN I LJUBOMORAN: Ovako Ivanina porodica i komšije opisuju Đorđa koji ju je UNAKAZIO OD BATINA!  Usred prebijanja joj rekao: Idem da vratim auto, PA ĆU DA NASTAVIM!

Инаку, Ивана и Ѓорѓе биле во врска околу една ипол година. Пред 4 месеци одлучиле заедно да живеат во Нови Сад, каде двајцата нашле работа, Таа работи во обложувалница, а тој во некоја фирма.

-Сите бевме против таа врска, бидејќи Ѓорѓе е многу суетен и љубоморен и тоа без причина. Сестра ми велеше дека го сака и сака да живее со него. Се плашев да не ѝ направи нешто и мојот страв, за жал, беше оправдан - рекол братот.

Мештани од Клење, од каде што потекнува Ѓорѓе, велат дека тој е познат по агресивното однесување.

-Цело Клење и Богатиќ зборува за овој немил настан. Сите знаат дека Ѓорѓе е насилен и никому не му е јасно зошто Ивана се согласила со него да влезе во емотивна врска. Се потресовме кога слушнавме дека монструозно ја претепал девојката. Се надеваме дека таа брзо ќе закрепне и дека после се ќе излезе посилна * вели мештанин.

Ѓорѓе е инаку студент на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега