Ова бебе имало 258 грама кога се родило - бил премал дури и за инфузија, а после 5 месеци бил пуштен од болница

Мало јапонско бебе кое по раѓањето тежело само 258 грама и било долго 22 сантиметри, после 5 месеци е пуштено од болница.

Според тоа што го кажал докторотТакехика Хироме од Детската болница во Наган, бебето е здраво и сега има 3,37 килограми.

Јапонските медиуми објавиле фотографии и снимки на кои се тгледа како мајката Тошико Секино радосно го држи во прегратка бебето.

Мајката на новинарите им рекла дека прво многу се грижела, бидејќи бебето било кревко, со проѕирна кожа, но дека сега може да го дои.

Рекла дека бебето конечно соработува и дека конечно може да се искапе.

-Иавме тешкотии затоа што непосредно по раѓањето, крвните садови на бебето беа премали за инфузија - рекол докторот .

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега