Отворена првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели- иневстицијата над 16 милиони евра

Првата македонска компанија лиценцирана  за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“  денеска го отвори прроизводствениот капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Ќојлија во Општина Петровец.

Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Според премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на отварањето, ваквите инвестиции во услови на пандемија влеваат сигурност и отвораат работни места.

Компанијата НJСК  е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега