Отворена пред стејачна постапка за Топлификација АД Скопје

Основниот суд од Скопје донесе одлука за претходна постапка за утврдување на условите за отворање стечај за Топлификација АД Скопје.

За привремен стечаен управник е назначен Ацо Дамчевски кој е задолжен од судот да го заштити имотот на Топлфикација АД до донесувањето на одлуката за  отпочнувањето на стечајната постапка, за да се избегне значително намалување на имотот, како и да утврди дали постои имот над кој може да се отвори стечајна постапка и да се обештетат доверителите.

Судот закажа рочиште на 28 јуни 2018 година, а дотогаш издадена е општа забрана за располагање со имотот на должникот, се забрануваат исплати од сметка како и присилна наплата. 

Топлификација АД Скопје е сопственик на топланите Исток, Запад и Кисела Вода, преку кои се обезбедува топлинска енергија за граѓаните на Скопје, а ги издава под наем на Производствона топлина – Балкан Енерџи.

Според најавите судската одлука за отворање на претходна постапка за утврдување на условите за отворање стечај за Топлификација АД Скопје нема да ја ги остави граѓаните на Скопје без парно греење.  

„ Испораката на топлинска енергија ќе се одвива редовно и согласно планираните активности и во новата грејна сезона 2018/2019 година. Сите подготвки се во тек  согласно редовниот оперативен план“, велат од БЕГ Снабдување.

Во одлуката на судот се вели дека против ова решение не е дозволена жалба.

Барање за стечај поднесе еден од доверителите кои побарува долг од над еден милион евра од Топлификација АД Скопје, заради неможност подолг временски период за наплата на средствата. Според неофицијалните информации се очекува и други доверители да поднесат барање за стечај.

 

 

 

15.05.2018 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа