Отворена истрага за Меѓународниот сојуз - Петмина осомничени

Обвинителството отвори случај за невладината организација Меѓународен сојуз на првоосомничениот во „Рекет" Бојан Јовановски-Боки 13.

Засега е познато дека пет лица се осомничени, но нема детали кои се осомничените иако е познато дека дел од нив веќе биле на распит во Обвинителството, додека дел од нив сеуште не биле сослушани за случајот.

Еден од осомничените веќе е во притвор, а за еден се бара притвор. За тројца од осомничените има мерки на претпазливост. Обвинителството отвара постапка и за правното лице Меѓународен Сојуз.

Непознато е дали меѓу осомничените има и политичари.

Во случајот Рекет првоосомничен е Боки13 кој е во притвор, а вчера од Обвинителството каде требаше да даде исказ, беше изнесен од Брзата помош на носилки.

Второосомничен е Зоки Кичеец кој е единствен во домашен притвор, додека Катица Јанева е третоосомничена во случајот за изнуда на големи суми на пари.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега