Откриено тајното име на кралицата Елизабета кое го знаеле само нејзините телохранители

Кога членовите на кралското семејство се појавуваат во јавност, тие се опкружени со обезбедување.

Цели тимови се наоѓаат околу нив и во близина, а секој од членовите на семејството има тајно име за да ги заштити нивната приватност и идентитет.

Според зборовите на извор близок до семејството, кој дал интервју за  британскиот „Сан“ оваа недела, тајното име на кралицата Елизабета не е поврзано со ниеден таен агент или суперхерој.

 

– Таа е секогаш означена со буквата Ш (S). Како Шерон (Sharon) – рекол изворот.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, буквата „S“ повеќе одговора на нејзиниот статус суверена, пренесува магазинот „Мери Клер“. Кралскиот историчар Хуго Викерс потврдил дека можната приказна за тајното име на кралицата веројатно е вистинита.

– Многу е веројатно да е така. Целта на епитетот е да звучи анонимно и лесно да се памети. Ако заедно со тоа може и да измами, тогаш тоа е вистинско – рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега