Откриено што правеле Ибрахимовиќ и Дилета: Видеото од Инстаграм заврши на Твитер

Водителката Дилета Леота на социјалните мрежи сподели фотографија после тренинг со која ја разбуди машката фантазија и привлече големо внимание во јавноста.

Откако Златан Ибрахимовиќ ѝ искоментира под фотографијата, водителката, која ја сметаат за најубава во светот, открила како се познаваат.

„Што правиш на покривот, Дилета? Немој да забошотуваш“, ѝ искоментира славниот фудбалер под фотографијата.

„Само гледај“, му порачала таа, а потоа било откриено дека двојката снимала реклама за кафе

Леота рекламата ја споделила на Инстаграм-стори, но многу брзо некој ја преземал и завршила на Твитер и на останатите социјални мрежи, каде многумина ја коментирале и реакцијата на фудбалерот на Милан.

Инаку, Леота станува сè попопуларна на социјалните мрежи. На Инстаграм ја следат 6,7 милиони корисници, а после интервјуто со Роналдо и рекламата со Ибрахимовиќ, таа бројка сигурно уште ќе расте.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега