Откриено што го натерало детето од Србија да се самоубие – причина која мора да ја знаат сите родители

12-годишното момче Н. М. кое се самоуби во Србија, пукајќи си во глава со пиштокот од татко му, оставило проштално писмо во кое ја објаснило причината за својата фатална одлука, пишува Телеграф.рс.

Детето било само дома, мајка му била кај соседите, а татко му бил во шумата по дрва.

Тоа напишало дека не можело да ги издржи повеќе критиките за своите лоши оценки и се надева дека другото дете ќе биде подобро од него.

-Тие се многу добро семејство. Сите сме изненадени од ова што се случи. Детето беше многу добро и паметно. Па, како може да се убие за лоши оценки, искоментирал еден соседите.

Мајката на детето била бремена во 7 месец.

Локалните жители го молеле попот да одржи панихида.

-Што знае дете на толку години? Тоа е невино суштество. Ќе направиме се за тоа да биде погребано според редот, изјавил еден сосед кој се вклучил во организацијата на погребот.

Тој нагласил дека секој родител треба да внимава на своето дете и критиките кои му ги упатува, а посебно да не се оставаат сами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега