Откриено колку пари собраа Филип И Александра од свадбата - од сумата ќе ви се заврти

Српската пејачка Александра Пријовиќ и посинокот на Лепа Брена, Филип Живоиновиќ во четвртокот се заколнаа на вечна љубов, а српските медиуми пишуваат дека од подароците за свадбата се стекнале со мало богатство.

„Ало.рс“ пишува дека таткото на Филип, Боба Живоиновиќ за организацијата на свадбата потрошил скоро 500.000 евра и не штедел ниту на една работа за се’ да биде совршено.

Слична сума, како што јавува порталот, младенците добиле и од подароците од гостите од кои повеќето носеле пари, а некои пејачи дале и по 2.000 евра.

Во пликовите во просек имало меѓу 500 и 1.000 евра, па српски „Ало“, повикувајќи се на извор близок на двојката, пишува дека младенците собрале околу 500 илјади евра кеш, со оглед на тоа што на прославата имало околу 900 гости.

Освен пари, другарите на Филип му купиле и фиќо- кабриолет кое особено му се допаднало на младоженецот.

 

 

 

23.06.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега