Откриено кога ќе го пуштат Вучиќ од болница - Останува закажаната средба со Пендаровски
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во добра здравствена состојба и останува закажаната средба за в петок со македонскиот претседател Стево Пендаровски, потврдуваат за ТВ21 од двата кабинети на претседателите.
Според информации на ТВ21, стабилна е здравствената состојба на Вучиќ и во текот на утрешниот ден ќе биде пуштен од болница.
За потсетување, Александар Вучиќ вчера беше итно хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Српскиот претседател бил примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.
На Вучиќ вчеравечер нагло му се слошило откако беше на разгледување на проектот „Белград на вода".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа