Откриено како течел крвавиот напад во Ница - напаѓачот упаднал во црква и ги заклал луѓето, жената која избегала ја убил среде улица

Три лица, две жени и еден маж, се убиени денеска во терористички напад во Ница.

Како што информираат медиумите, напаѓачот извикал „алаху акбар“ и во катедралата Нотр Дам во околу 9 часот започнал крвавиот инцидент.

На првата жртва, жена, ѝ бил пресечен вратот/ Маж бил избоден, а се претпоставува дека станува збор за чуварот на црквата.

Втората жена во обид да избега и да се засолни во блиското кафуле, била убиена среде улица.

Полицијата набрзо стигнала на местото на настанот и го застрелала терористот, кој сега се наоѓа во притвор. Како што навел градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, напаѓачот после апсењето викал „алаху акбар“.

Нападот се случил само две недели откако во Париз беше обезглавен професорот Самиел Пати. Тој беше убиен од 18-годишно момче затоа што на учениците им покажувал карикатура од пророкот Мухамед.

Естроси рекол дека жртвите биле убиени на „ужасен начин“.

„Методите се поклопуваат, нема сомнение дека се личи на случајот насо учителот Пати“, рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега