Откриено како реагирала Камила кога дознала дека Дајана е мртва

Од смртта на британската принцеза Дијана поминаа 22 години… И покрај тоа, на јавноста новите детали ѝ се интересни како и во 1997 година.

Британските медиуми веќе со недели пишуваат за поединостите од трагедијата, а го откриле и она што многумина многу ги интересирало – како на веста за смртта на омилената принцеза реагирала љубовницата на нејзиниот сопруг Камила Паркер Боулс.

„Експрес“ пишува дека на Камила за смртта на Дијана ѝ рекол токму принцот Чарлс, кој ѝ бил љубовник. Прво ја информирал дека принцезата имала несреќа и дека ја скршила раката, а потоа, околу четири часот наутро, ѝ јавил дека Дијана умрела во болницата, пренесува „Индекс“.

 

Камила веста ја шокирала и била тажна и скршена…

Долго разговарала преку телефон со Чарлс и го тешела. Принцот Чарлс бил очаен, а покрај тагата за поранешната сопруга го мачела и претпоставката дека светската јавност за несреќата ќе го обвини него.

Тоа и се случило. Следниот ден папараците ја окупирале куќата на Камила Паркер Боулс, а многумина и ден-денес ја обвинуваат за судбината на непрежалената принцеза Дијана.

Чарлс и Камила се венчаа седум години по смртта на принцезата Дијана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2019 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега